Фудбал
6. July 2017 - 20:40

Силекс ангажираше бразилец и седум проверени фудбалски имиња

Раководството на Силекс денес ги претстави новите засилувања за следната фудбалска сезона која почнува на 13 август. Кратовци ангажираа осум играчи во летниот преоден рок,  а оставија простор за уште едно засилување до крајот на трансфер-периодот. Вообичаено, кратовци пазареа од соседна Србија, од каде доаѓаат напаѓачот Вељко Плазиниќ и стоперот Дејан Благојевиќ. Силекс во следната езона ќе има и бразилски шмек со ангажманот на Антонио Маркос Тони. Од битослки Пелистер пристигна искусниот Мартин Блажевски, а конкуренцијата во нападот ја засилија Димитар Иванов од Еуромилк и Бобан Георгиев од Брегалница. Силекс ќе биде засилен и на голманската позиција со ангажманот на младинските репрезентативци Благојче Иванов од Металург и Горан Трајковски од Македонија ЃП.
-Напорно работиме веќе втора недела и можам да кажам дека полека се екипиравме за следната сезона. Имаме квалитетна и конкурентна екипа која ќе биде тврд орев за секој противник.  Планираме на 20 јули да заминеме на десетдневни подготовки во Банско (Бугарија), каде ќе ги одмериме силите со повеќе клубови – истакна тренерот Жикица Тасевски.
Клубот летово го напуштија Пановски, Танушев, Недељковиќ, Кастратовиќ, Мојсов и  Вујанац.