Македонија
18. January 2016 - 16:54

Сијарто: Мора да се почитува волјата на македонскиот народ кој гласал за сегашната Влада

Студен туш од челништвото на Европската унија за опозициската СДСМ и нивната деструктивна игра со обидите да се изигра договорот од Пржино. Министрите за надворешни работи на Унгарија и Австрија, Петер Сијарто и Себастијан Курц, утринава организираа состанок на своите ЕУ-колеги со македонските министри Никола Попоски и Фатмир Бесими, по што на прес-конференција ја нападнаа партијата на Зоран Заев за деструкцијата со која сака да ја втурне Македонија во уште поголема криза.

Факт е дека ние мораме да ја почитуваме волјата на македонскиот народ. А, македонскиот народ гласаше за оваа Влада на четири избори по ред. Сегашната Влада не освои власт и позиција на лотарија, туку на парламентарни избори. Сите ние, не само членките на ЕУ, туку и европските институции, мора да го почитуваме овој факт дека оваа Влада ја освои власта на парламентарни избори. Мојата последна поента е дека ситуацијата е многу чудна во Македонија, бидејќи опозициската партија не сака рани избори што е можно побрзо. Мислам дека тоа многу кажува за сегашната ситуација.

Додека домашната политичка криза е на една страна, а од друга страна пристапниот процес кон ЕУ е застанат предолго. Ние сите се согласивме дека ни треба целосна имплементацица на политичкиот договор што беше посредуван од Јоханес Хан во минатите недели и исто така и опозицијата мора да го поддржува исполнувањето на договорот. Сите се согласивме на состанокот дека треба да ја искористиме 2016 година за да добиеме вистински прогрес на интегративниот пат кон ЕУ на Македонија.

Во овој поглед, јас имам стратешко несогласување со европските институции, бидејќи не сум баш сигурен дали мешањето на Европската унија и на европските институции беше правилно во овој поглед. Се плашам дека нашето мешање, мислам на мешањето на ЕУ, само ја влоши и не ја поправи ситуаицјата во Македонија. Досега, ние имавме стабилна Влада и мислам дека мерењето на силата на демократијата е дали има Влада базирана на војата на народот или не. И тука има или имаше силна Влада во Македонија, избрана врз основа на избори. Но, она што сега го гледаме е дека Владата е на некој начин советувана да отстапи, но нема да има избори, односно нема договор за избори. Затоа, оваа ситуација само ја влошува кризата, наместо да одиме во насока на решавање. Затоа, мое мислење или мој став е дека ЕУ треба да ја поддржува сегашната администрација да го надмине овој вид на кризна ситуација, но јас обично сакам да го ставам тоа криза во наводници, бидејќи фактот дека опозицијата не сака да ја превземе одговорноста да учествува во работата на парламентот не е всушност криза, бидејќи земајта има Влада, земјата има силна демократија и Владата победи на четири избори по ред.

На крајот од нивното обраќање, министрите Сијарто и Курц и оддадоа признание на македонската Влада за позитивната улога во спроавувањето со бегалската криза, каде според австрискито и унгарскиот шеф на дипломатијата, Македонија била попозитивна и во однос на некои други земји-членки на ЕУ.