Фудбал
24. September 2017 - 10:31

Сигурна победа на Јувентус против Торино

Италијанскиот шампион Јувентус забележа висока победа над Торино со 4-0 во меч од 6.коло на Серија А. 
 
Натпреварот го одбележа Аргентинецот, Пауло Дибала, кој постигна два гола, првиот во 16-минута, а вториот во првата минута од судиското дополнение. 
 
За 23-годишниот Дибала тоа беа деветиот и десетиот гол сезонава во Серија А, додека во сите натпреварувања младиот Аргентинец веќе има постигнато 12 голови. 
 
Во листата на стрелците се запишаа и Миралем Пјаниќ (40) и Сандро (57). 
 
Јувентус и Наполи имаат максимален учинок од 6 победи, но „наполитанците“ се први поради подобрата гол разлика