Сиена Милер: Се тресев и плачев кога снимав еротски сцени со Бен Афлек
Актерката Сиена Милер, која за потребите на филмот „Live By Night“ дури девет часа снимала сцени со водење љубов со Бен Афлек, за магазинот „Е! Њуз“ првпат јавно проговори за своето искуство од ова снимање.
- Снимавме насекаде. Во автомобил, во кафуле... Цел ден беше резервиран за љубовните сцени. По девет часа снимање почнав да се тресам и солзи сами почнаа да ми течат, изјави Милер.
Таа нагласи дека ваквата нејзина реакција не треба да се сфати погрешно, бидејќи со Афлек се „во многу добри односи“.
- Ние сме како брат и сестра. Немаше непријатност, само глупаво смеење. Тој е голем професионалец за разлика од мене, додаде Милер.
Во филмот „Live By Night“, Сиена ја толкува улогата на Ирката Ема Гоулд во која страстно се вљубива главниот лик кој го толкува Афлек.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност