Македонија
30. March 2017 - 21:36

Си оди Март: Еве какво време не очекува во наредниот период

Во наредните денови стабилизација на времето и пораст на температури кои ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината.
 
Сончево и надпросечно топло ќе биде и во четврток, петок и сабота, утринските температури ќе се движат во интервал од -1 до 9 степени, додека пак максималните дневни ќе го продолжат својот пораст, од 12 до 23 степени во четврток и петок, односно од 13 до 24 степени во сабота.