Си-Ен-Ен објави снимка од продажба на робови во Либија
Американската телевизијата Си-Ен-Ен емитуваше снимка од Либија на која е прикажано јавно наддавање за продажба двајца робови, кои веројатно дошле во Либија како мигранти од Нигерија.
На снимката, која била направена во август, се гледаат лицата на луѓето кои се понудени на продажба и се слуша како потенцијалните купувачи се наддаваат.
Цената на првиот понуден роб пораснала од 800 на 1.200 либиски динари (570 долари). Притоа продавачот го нуди како „добар работник на фарма“, додека другиот роб е понуден како „силен маж кој може да се користи за копање“.
По граѓанската војна, западната воена интервенција и падот на режимот на либискиот водач Моамер Гадафи, Либија стана главна транзитна земја за мигранти од Африка кои сакаат да пристигнат до Европа преку медитеранската рута.
Се проценува дека дел од мигрантите завршуваат на продажба на вакви аукции на кои се купуваат робови за потребите на поедници во Либија и соседните арапски држави.
Ново на Сител
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи