Свет
20. October 2016 - 8:25

Си-Ен-Ен: Клинтон е победник на последната предизборна дебата

Кандидатот на демократите за Белата куќа, Хилари Клинтон победи на последната предизборна телевизиска дебата, која се одржа синоќа во Лас Вегас, објави Си-Ен-Ен врз основа на резултати добиени од спроведена анкета.

Педесет и два отсто од анкетираните изјавиле дека Клинтон е победник, а 39 проценти сметаат дека подобро се претсдтавил кандидатот на републиканците Доналд Трамп.

Според оценките на Си-Ен-Ен, Клинтон го победи Трамп и на првата и втората телевизиска дебата со 62 наспроти 27 отсто, односно 44 наспроти 34 проценти.