Свет
27. July 2017 - 21:58

Шведскиот премиер останува на одлуката да го задржи министерот за одбрана

Шведскиот премиер Стефан Ловен изјави денеска дека и покрај притисоците од опозицијата, тој сепак ќе го задржи во својата Влада министерот за одбрана Петер Хултквист, по скандалот поради истекување на доверливи информации.

Претходно денеска Ловен ја прифати оставката на министерот за внатрешни работи и инфраструктура, но опозицијата се заканува со гласање за недоверба на Владата.

- Ние добро ќе ја решиме таа ситуација. Јас сум премиер на земјата и ќе го решиме тоа, истакна Ловен.

Тројца министри во шведската Влада се соочуваат со обвиненија дека знаеле оти појавените податоци на националната Агенција за сообраќај 2015 ќе им овозможат пристап на странци во приватните податоци на милион граѓани.