Свет
8. April 2017 - 9:27

Шведската полиција потврди дека приведениот е осомничен за вчерашниот напад

Мажот, кој беше приведен вчера вечерта во предградие на шведската престолнина и за кој во текот на ноќта беше изречена мерка притвор, е осомничен дека го возел украденото камион кој прегази пешаци на централна улица во Стокхолм и потоа удри во трговски центар, соопшти портпаролот на шведската полиција.

- Мислиме дека мажот, приведен под стража, е сторителот на атентатот, рече портпаролот Ларс Бистром.

Според многу шведски медиуми станува збор за 39-годишен Узбекистанец, кој бил симпатизер на организацијата „Исламска држава" .Тој е приведен во северно предградие на Стокхолм.

Во нападот вчера загинаа четири лица, а беа повредени - 15. Девет се во тешка здравствена состојба.