Шведската полиција ги крие податоците за криминалот на бегалците
Шведската полиција ги крие податоците за кривичните дела што ги сториле бегалци и тие информации ги заведува под таен код „291“, тврди денеска дневниот весник „Дагенс Нихетер“.
Весникот истакнува дека информациите за кривичните дела, во кои бегалците се жртви или сторители, се заведуваат со таен код, а дека на полицајците со интерни наредби им е кажано „ништо од тоа да не смеа да допре до јавноста“.
Од крајот на октомври секое кривично дело кое го сториле бегалци или над нив било сторено, се заведува со тајниот код „291“, а меѓу нив е и подметнување пожар во бегалски стан.
Весникот додава дека, исто така, во тајност се држи и бројот на прекувремени часови кои полицијата ги оствариле заради бегалската криза.
Неименуван портпарол на полицијата за весникот ги потврди информациите за тајниот код, додавајќи дека станува збор за „работен материјал за дневна проценка на ситуацијата“, истовремно оценувајќи „дека таа пракса е зачудувачка“.
Тој кажа дека не постои никаков проблем кога новинарите бараат информации за пријави или настани.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот