Шведска е против казнување на Велика Британија поради Брегзит
Шведскиот премиер Стефан Лофен изјави дека неговата земја е против тоа Европска унија да ја казнува Велика Британија, поради одлуката да ја напушти Унијата.
Во разговор за Си-Ен-Ен во Давос, каде Лофен присуствува на Светскиот економски форум, тој рече дека говорот на премиерот Тереза Меј, во кој таа првпат соопшти дека Британија ќе се повлече и од заедничкиот европски пазар, бил „сосема коректен“.
Тој верува дека преговорите околу раздружувањето на Велика Британија и на ЕУ може да се завршат во период од две години, објаснувајќи дека Шведска како земја-членка на ЕУ „оптимистички гледа“ дека работите може да се завршат на задоволство и на двете страни.
- Ние во ЕУ и Британците, заеднички, имаме потреба од едно прагматично решение во врска со Брегзит, истакна за Си-Ен-Ен Лофен.
Шведскиот премиер, сепак, се согласува со некои од земјите-членки на Унијата, дека „не може да се има пристап на единствениот пазар на ЕУ (под истите услови) и кога повеќе не сте членка на Унијата“.
Еврокомесарот за економија и финансии Пјер Московиси, на Форумот во Давос , предупреди дека Брегзит нема да донесе ништо позитивно, ниту за Велика Британија ниту за ЕУ.
Тој смета дека економскиот раст кај Британците ќе биде понизок поради излегувањето на земјата од Унијата.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок