Шведска домаќин на средба на врвот на ЕУ за социјални прашања
Шефови на држави или влади од Европската Унија ќе претстојуваат денеска во шведскиот град Гетеборг, каде ќе присуствуваат на средба на врвот посветена на социјалните прашања.
Средбата е дел од напорите на Брисел и Шведска за обновување на довербата во властите, во моменти кога се зајакнува популизмот во Европа, кој пак допведува до нестабилност во земјите.
Се очекува 28-те членки да усвојат Декларација против социјален дампинг, насловена Европски социјален столб за социјални права. Документот нема правна важност, но ќе упати порака до најсиромашните дека не се заборавени.
Социјален дампинг е праксата на искористување на пониските трошоци на труд во некои земји поради пониски придонеси за социјални и други придонеси, на начин што ги одвлекува работните места и создава неправедно пазарно натпреварување.
На церемонијата во Гетеборг само тројца европски раководители ќе го парафираат текстот од името на останатите - претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани и естонскиот премиер Јури Ратас, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата