Швајцарски ГСол ќе биде новиот инвститор во ФЕНИ
Швајцарски ГСОЛ ќе биде новиот инвеститор во кавадаречки Фени. Банките кредитори одлучија довербата за повторно активирање на производствениот процес во фабриката да и ја дадат на Швајцарската компанија која според нив е најсериозен инвеститор и ќе понуди долгорочна перспектива за компанијата.
Освен ГСОЛ, понуда за откуп на побарувањата, до банките кредитори доставила и бугарската компанија Минстрој. Двете понуди се оценети како сериозни, покажаа посветени и позитивни намери за обезбедување на иднината на Фени, вклучувајки и доказ за расположиви средства, објаснуваат банките.
Од банките очекуваат договорот за откуп на нивните побарувања во целост да биде завршен до крајот на овој месец. Рокот за пријавување на побарувањата од страна на доверителите што го даде компанијата ГСОЛ истекува за два дена, потоа ќе почне исплатата.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите