Бизнис
16. March 2016 - 19:43

Швајцарска компанија ќе отвори фабрика за производство на паркет во ТИРЗ Кичево

Швајцарска  компанија од дрвната индустрија ќе инвестира во Македонија. По две годишни преговори, Свис Вуд Флоринг Солушнс на лето почнуда да го гради својот капацитет во технолошката зона во Кичеко.   За почеток ќе инвестираат 5 милиони евра

-Компанијата Свис Вуд Флоринг Солушнс  на лето ќе грдата сопствен објект на 2500 метри квадратни во технолошко индустриската развојна зона во Кичево. Тие разгледуваат неколку локации, но се одлучија за влез во оваа зона. Нивната инвестиција се проценува на 5 милиони евра и ќе вработат 110 лица, изјави Висар Фида, директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Влезот на оваа компанија ќе овозможи работа и за  домашните фирми , но она што е уште поважно, според Фида е дека уште две компании кои сработуваат со неа, планираат да инвестираат во земјата

Компанијата ќе произведува високо квалитетни производи од дрвната индустрија, паркет и други специфични производи од дрво, кои главно ќе се  извезуваат на швајцарскиот  пазар и во другите земји на Западна Европа.