Loading Video...
Ракомет
6. January 2018 - 14:36

Швајцарија победник на Хопман куп

 
Селекцијата на Швајцарија е победник на годинашното издание на тенискиот Хопман куп што се играше во Перт, а е увертира во првиот Гренд-слем турнир годинава Австралија опен.
 
Швајцарската комбинација Федерер – Бенчиќ, без загубен меч го освоија пехарот наменет за најдобрата мешана двојка на ова натпреварување. 
 
Во финалето Швајцарците со 2-1 во победи, го добија дуелот против германската комбинација Кербер-Зверев 
 
Иако Германците добро го започнаа мечот, откако Александар Зверев го доби првиот сет против Роџер Федерер во тај-брејкот со 7-4, сепак во продолжението искусниот 36-годишен Федерер до препушти само три гема на противникот (6-0 и 6-3), за со 2:1 во сетови да и донесе предност на својата селекција. 
 
Дуелот меѓу дамите и припадна на Германката, Анџелик Кербер која во два сета со 6-4 и 6-1 ја совлада Белинда Бенчиќ, за израмнување на резултатот на 1:1 во победи. 
 
Во решавачкиот меч во игра на двојки, искуството на Федерер уште еднаш се покажа како пресудно, па швајцарската комбинација го доби мечот со 2:0 во сетови, а со конечни 2:1 во победи го освои и шампионскиот трофеј.