Свет
24. March 2017 - 9:00

Швајцарија ја предупредува Анкара да не шпионира Турци во државата пред референдумот

Министерот за надворешни работи на Швајцарија, Дидие Буркхалтер му објасни на неговиот турски колега дека ќе биде следено внимателно дали Анкара шпионира незаконски турски имигранти пред референдумот на 16 април за зголемување на овластувањата на турскиот претседател.

На средба со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изразени биле ставови дека Турција можно е да ја користи разузнавачката мрежа да следи турски граѓани во Швајцарија пред гласањето, наведе во соопштение швајцарското МНР.

Чавушоглу пристигна вчера во Швајцарија на средба со турски граѓани во Амабсадата и на разговори со швајцарскиот колега. Според официјални подаотци на владата на Швајцарија во државата има 68.000 Турци додека според сајтот на турската Амабсада таа цифра е 130.000.