Фудбал
12. February 2016 - 12:37

Шут-карта за Канаваро

Саудискиот фудбалски клуб Ал Наср, во петокот, му врачи отказ на италијанскиот тренер, Фабио Канаваро.
 
Поранешниот играч на Парма, Интер, Јувентус и Реал Мадрид, во јуни замина од кинескиот клуб Гуангжу Евергранде, а во октомври стана тренер на Ал Наср.
 
Канаваро доби шанса од Саудијците на 22 средби да ја одбрани шампионската титула, но на клупата ја напушта по 12 одиграни натпревари. Италијанецот доби отказ по поразот 4:3, кој Ал Наср, во четвртокот, го доживеа од Најран.
 
Ал Наср, се наоѓа на шестото место на табелата, со 18 бодови помалку од лидерот Ал Хилал, а Канаваро со овој тим во 2016 година забележал само една победа.