Македонија
30. March 2017 - 14:20

Шумите во Тетово и Гостивар опустошени од дрвокрадци

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ф. (22) од Р. Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“. На 26.03.2017 година во периодот од 09.00 до 16.00 часот, од страна на полициски службеници од ПС Тетово, при контрола во атар на с.Сетоле, м.в. „Плоча“, сопственост на Р. Македонија, го затекнале пријавениот како со моторна пила бесправно сече огревни букови дрва, додека во негова близина биле пронајдени околу 30 метри кубни дрва. 
 
НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против А.Р. (47) од с.Речане, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “пустошење на шума“ и “кражба на огревни дрва“. Пријавениот подолг временски период во 2016 година со моторна пила вршел бесправна сеча на дабови и букови стебла во атар на село Ново Село и без да поседува соодветен документ- одобрение, ги товарел во патничко возило и ги продавал на други лица. Притоа, на ЈП „Македонски шуми“ предизвикал материјална штета во висина од околу 123.690 денари.
 
ПС Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(29) од с.Грешница, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот во текот на oктомври, ноември и декември 2016 година во 11 наврати неовластено навлегол во електронски систем на платежна картичка, сопственост на Е.Џ. од Кичево. На тој начин извршил трансфер на парични средства во износ од 137.000 денари, кои противправно ги присвоил.