Шулц вели дека со Меркел договориле формирање на европско Министерство за финансии
Мартин Шулц, лидерот на германската Социјалдемократска партија (СПД) денеска изјави дека очекува Европската унија да воспостави функција министер за финансии. Шулц ја даде изјавата откако беше најавено дека е постигнат начелен договор со конзервативната коалиција предводена од Ангела Меркел за формирање на нова широка коалициска влада во Германија на трите најголеми леви и десни партии. Прашањето на тоа како новата германска влада ќе се постави кон Европската унија беше едно од клучните прашања во преговорите меѓу Меркел и Шулц.
- Ќе има европски министер за финансии, изјави Шулц, чија партија се залага за подлабоко врзување на членките на ЕУ, со заеднички институции и со механизми за финансиска помош меѓу одделните членки. Шулц притискаше Меркел да го прифати предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за зацврстување на ЕУ, кој предвидува формирање на заедничко европско Министерство за финансии, и покрај скептицизмот во редовите на партијата на Меркел, каде влијателни политичари предупредуваа дека ваквото поврзување со другите членки на ЕУ ќе значи дека Германија во иднина може да биде одговорна за долговите на целата унија.
Ново на Сител
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар
-
Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште
-
Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”
-
Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија
-
Ѓурчески: Се сомневам дека Данка е киднапирана, детално чешлање на сите криминалци во тој регион
-
Расчистена кражба во Гостивар