Кошарка
11. November 2017 - 10:00

„Штрковите“ убедливо против Куманово

МЗТ Скопје Аеродром успеа да стигне до победа од 106:90 на гостувањето кај Куманово, за да се стави крај на лошата серија резултати на тимот на Александар Тодоров и да се покаже дека новите засилувања за тимот функционираат.

Шампионот имаше постојано водство од стартот до крајот на мечот, погодувајќи 17 тројки, предводени од Трајковски со 27 поени и 7 скокови, но и од новите засилувања Доминик Мавра (17 поени, 5 асистенции), Никола Павличевиќ (21 поени, 5 асистенции) и Спасоевиќ (19 поени). Кај домаќините Караџовски постигна 24 поени, а Јаневски имаше 16.

Ова е трета победа во петтиот првенствен меч за МЗТ Скопје, додека кумановци сега имаат 2-3 скор.

Сега пред МЗТ Скопје следува напорен распоред – во четири дена ги чекаат два меча – во недела против Унион Олимпија во Љубљана во АБА-лигата, а во вторник на домашен терен против Гостивар во домашното првенство.