Бизнис
21. February 2017 - 19:51

Штрајкот во железница продолжува

Вработените во Македонски железници Инфраструктура ја добија во целост декемврсиката плата. Но штрајкот и понатаму продолжува. Двете претпријатија  на железници бараат целосно да им биде исплатена јануарската плата.

Денеска од менаџментот добиле понуда на двапати да ги добијат примањата за првиот месец годинава. Но, тие револтирани потенцираат дека нема да прифатат.

Раководството на МЖ Транспорт засега преку писмено соопштение се обрати до јавноста, додека од МЖ Инфраструктура нема никакви информации.

– Дополнително би сакале да упатиме еден апел до сите вработени кои не дозволуваат нормално одвивање на железничкиот сообраќај, да не потпаѓаат под притисок за собирање на нечии дневно-политички поени бидејќи подлегнувањето на такви притисоци нема да доведе до решенија, туку само до продлабочување на кризата што од друга страна е цел на одредени политички субјекти

Од претпријатието во неколку наврати информираа дека минатата година поради блокадите од грчка страна се соочиле со загуби од околу 5 милиони евра.