Бизнис
6. јуни 2017 - 20:13

Штрајкот на железничарите продолжува, договор за повисока плата нема

Комплетно блокиран патничкиот и товарниот железнички сообраќај. Утринава ниту едне воз не тргна од главниот град. Чекалните и пероните останаа празни. Единствено сообраќаше експресниот воз од Скопје кон Белград. Машиновозачите  велат се додека не бидат исполнети нивните барањаа нема да работат. Досега е договорено само враќањето на додатоците. Менаџментот и работниците не успеаа да се договорат за коефициентот за платите, клучот за да продолжи железницата нормално да работи.

Од министертвотот за транспорт и врски велат дека понудата  која им ја дале машиновозачите треба да ја прифатат.

Директорот на МЖ Транспорт Коруновски посочи дека  нема да дозволат само кај една категорија на вработени за едне месец двојно да пораснат примањата.  Потенцира дека со протестот  е нелегален.  

Реагириаа и од МЖ Инфраструктруа. Велат заеднио со МЖ транспорт се заложници на група машиновозачи.Ќе претрпат огромни штети зошто тоа е едниствениот опратор кои превезува патници и стока.

Машинскиот персонал го сочинунуваат 100 машиновозачи и 50 тина помошници. Поради неипслатени плати железничарите протестираа и во февруари.