Бизнис
14. March 2018 - 19:47

Штрајк во САСА од Македонска Каменица

Огранокот на МЕСО, Мултиетничкиот синдикат за образование си го исполни ветувањето и денес организира штрајк на рударите од „Саса“. Над 300 претежно јамски рудари, утринава масовно се упатија кон рудникот, со намера да се сретнат со менаџерскиот тим и да го изнесат своето приоритетно барања, зголемување на платите.

-Од рудникот по 50 милиони евра нето добивка овие рудари изработуваат, од утробата на Р. Македонија вадат рудно благо, а за рударите не останува ништо. Мизерни плати, минимални-изјави Сашо Јованов, претседател на огранок на МЕСО

-Не сме задоволни. Се работи на 3 до 5 км. под земја-  изјави Ване Насковски, рудар во „Саса“

Вчера новото раководство на „Саса“, компанијата Централ Азија Металс од Лондон се пофали дека инвестира 1 милион евра во рудникот, а претставниците на овој синдикат ги окарактеризира како не легитимни.

-Ние не знаеме кои се овие луѓе и кој навистина претставуваат-изјави Неил Стевенсон, генералниот директор на „САСА“

-Овде има над 300 рудари. Оваа група што како не формална ја нарекуваше менаџерскиот тим, еве ја, може да ја види целата македонска јавност, изјави Јованов

Повеќето од рударите од пред две години го напуштиле СИЕР, зашто не се грижел за работничките права.

-Не само јас, туку и сите овие се исчленети и пристапени во новата синдикална организација-изјави Ване Насковски, рудар во „Саса“

- Пристапниците законски не ги даваме, бидејќи ги злоупотребува менаџерскиот тим, а имаат список со сите вработени кои се потпишани во синдикалната организација, веродостојни на пристапницата-изјави Јованов

Целата документација е дадена во инспекторатот за труд и социјала во Делчево, но не знаат зошто не се постапува.

Од компанијата преку соопштение информираат дека и покрај
нивните барања, новиот огранок на МЕСО нема доставено до рудникот ниту еден формален доказ дека е репрезентативен синдикат во САСА, што го спречува менаџментот на компанијата да постапува.