Бизнис
12. December 2017 - 16:29

Штрајк на железничарите - Железничкиот сообраќај во земјава е во целосен прекин

Железничкиот сообраќај е во целосен прекин, машиновозачите го бараат вториот дел од октомвриската плата. Утринава сообраќал само возот до Гевгелија управуван од вработен што не го испочитувал договорот. Останатите патнички и товарни возови се во целосен застој.  Вработените се заканија дека блокадата ќе трае се додека не им биде исполнето нивното барање.

Од менаџментот велат дека во преговори се со Владата да се најде начин за исплата на остатокот од платата за октомври, и во иднина вработените во железници да добиваат целосна плата, а не во два дела како досега

Патничките возови не сообраќаат од ноќеска на полноќ, а товарните од вчера наутро. Годинава неколку пати имаше блокади на железничкиот сообраќај.