Балкан
19. March 2018 - 12:11

Штрајк на вработените во Специјалното обвинителство на Косово

Вработените во косовското Специјално обвинителство денеска стапија во штрајк, кој ќе трае се додека не се исполнат барањата на вработените.

Претседателот на штрајкувачкиот одбор, Шеремет Фејза изјави дека вработените стапиле во штрајк, бидејќи до сега никој не одговорил на нивните барања.

Тие бараат ретроактивна исплата на додаток поради условите за работа, како и да не им се укинува таквиот бонус без оглед дали им е зголемена платата или не на обвинителите. Исто така бараат и унапредување на вработените кои положиле правосуден испит, како и за сите други кои ги исполнуваат законските услови.