Балкан
24. January 2017 - 13:09

Штрајк на комуналните работници во Атина

Општинските санитарни работници во Атина во петок стапуваат во тридневен штрајк што значи дека сметот во грчкиот главен град ќе остане на улица до понеделник.

Работниците во општина Атина протестираат поради лошите услови за работа, и истакнуваат дека се изложени на повреди и болести затоа шти немаат основа опрема за работа и не се почитуваат прописите за безбедност при работа.

Локалните власти им препорачаа на жителите на Атина и фирмите за време на штрајкот да го ограничат отпадот и да чуваат кесите со смет на нивните балкони се додека камионите за собирање смет не излезат повторно на улица во понеделник наутро.