Балкан
4. July 2017 - 10:59

Штрајк на грчките новинари

Новинарите во сите приватни, јавни и локални медиуми во Грција денеска одржуваат шестчасовен штрајк со прекин на работата од 11 до 17 часот по локално време.

Државниот радиодифузер ЕРТ, државната новинска агенција АНА-МПА и Генералниот секретаријат за информации и комуникација и канцелариите за односи со јавност исто така нема да работат.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, штрајкот го организира Атинскиот синдикат на новинарите, со цел вработените во медиумскиот сектор да можат да присуствуваат на генералниот состанок на нивниот фонд за социјално и здравствено осигурување.