Живот
16. January 2017 - 15:51

Штотуку родено а веќе е најпознатото бебе на светот, еве зошто

Чинар Енгин од Анкара од самото раѓање е посебен и неодолив. Тој има белег на челото, во облик на срце. Мајката Сејда (28) и таткото Мурат (30) не можеле да поверуваат кога нивното дете се родило со црвен белег на главата. 

Новороденчето уште во породилиштето било хит откако бабиците се фотографирале со него. Родителите велат дека како што старее има се повеќе фанови, сите кога ќе го видат го застануваат и се сликаат со „ љубовното дете“ како што милуваат да го наречат.

- Бидејќи сестрата бањаше, јас бев прв кој го виде тој белег. Баш бев изненаден. Кога се доближив поблиску, тогаш забележав дека во прашање е срце, раскажува таткото 

- Ми беше тешко да ги задржам солзите и Сејда плачеше кога го виде.