Спорт плус
6. January 2017 - 19:06

Штох победник на новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

 
Полјакот Камил Штох е победник на 65-то издание на новогодишната турнеја „Четири скокалници“. 
 
Штох денеска беше најдобар на скокалницата во Бишесхофен последната станица од турнејата.
 
Полскиот натпреварувач оствари скокови од 134,5 и 138,5 метри, што беше доволно за првото место, на кое атакуваше и Норвежанецот Танде кој во втората серија имаше пех со ветрот па доскокна само до границата од 117 м. по што на крајот заврши како 26-то рангиран во Бишесхофен, односно трет на оваа турнеја. 
 
Пред него на 2.место новогодишната турнеја ја заврши Полјакот, Пјотр Жила .