Што знае пијаниот што е Колорадо: Ја преплива мртов пијан
Велшки камионџија стана првиот човек на светот кој ја препливал реката Колорадо крај познатата Хуверова брана.
Пред него, во теко на оваа деценија сите 275 лица кои на тој начин се обидоа да ја препливаат реката, завршија трагично.
Но, она што го прави овој подвиг уште поголем, е тоа што храбриот Арон Хјуз (28) скокнал во реката „мртов пијан“, оти тоа се случило по ергенската прослава на негов пријател, што се одржала претходната вечер во Лас Вегас.
Во таква состојба Велшанецот ја препливал 221 метар долгата водена граница меѓу американските сојузни држави Аризона и Невада.
- Стоевме покрај реката и си реков - одам да се капам. Се спуштив до водата, приближно ја измерив оддалеченоста и помислив - јас го можам тоа!, раскажува Хјуз.
Хјуз имал среќа и поради тоа што во моментот на тој налудничав потфат, девет од 10 турбини на браната биле исклучени. Сепак, кога стигнал до крајот, таму не го дочекал аплауз, туку „лисици“ на рацете.
На крајот, Велшанецот морал да плати и казна од 330 долари.
- Не го очекував тоа. Па никаде нема знак дека пливањето е забрането, рече подоцна тој.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација