Интернет
29. March 2017 - 23:05

Што значи новата икона на Фејсбук?

Фејсбук апликацијата доби нова иконка која изгледа како ракета и која, кога ќе се кликне на неа, прикажува нов „њузфид“.

Имено, Фејсбук решил да ги оддели постовите на пријателите на еден „њузфид“ и објави на страните кои сме ги лајкувале на друг.

Новата опција е наречена „Start Exploring” секција и служи за прикажување на постови од страни кои веќе сме ги лајкувале, но и работи за кои Фејсбук смета дека би можеле да ни бидат интересни, врз основа на анализата на нашиот профил.

Покрај стандардните постови, во „Start Exploring”  табот ќе се наоѓаат и виралните видео – снимки и актуелни, вирални вести.

Ново на Сител