Македонија
4. November 2015 - 16:34

Што ветуваат Заев и Груевски, а што ние потоа гледаме од тоа

Од локалните избори во 2013та година поминаа повеќе од 2 години. И покрај тоа што лидерот на СДСМ Зоран Заев ги доби изборите и повторно стана градоначалник на Струмица, во овие индустриски зони нема ни трага ни глас од тие минумум 30 фабрики, минимум 300 погони и минимум 3000 работни места. Наместо ветеното, на простросот на индустриската зона на Заев има само празна ливада.

Од друга страна во август годинава, премиерот Никола Груевски вети фабрика за Струмица која ќе вработи 1500 луѓе. Од вчера ваквото ветување стана реалност со влегувањето на Џонсон Контролс во струмичката индустриска зона.

Генералниот директор на Џонсон Контролс ги соопшти причините причините зошто одлучиле да инвестираат во Македонија.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја истакнаа важноста на оваа инвестиција која донесе над 1500 нови работни места.

Од ВМРО-ДПМНЕ Струмица додаваат дека лидерот на СДСМ Зоран Заев целосно го има заборавено градот кој треба да го води, и не остварува скоро ништо од она што им го ветил на граѓаните.