Живот
13. January 2017 - 11:26

Што се случува кога суетата ќе провлада во етерот

Иако водителките во етерот се смешкаат една на друга, некои од нив зад камерите се однесуваат сосема поинаку. А, најинтересното се случува кога тие ќе заборават на камерите.

Видеото каде презентерката на „9 Њуз“, Амбер Шерлок доживува нервен напад поради тоа што нејзината колешка Џули Снук и гостинката, како и самата таа, се облечени во бело, стана хит на интернет.

Во моментот кога Амбер со бес почнува да и наредува на другата водителка да се пресоблече, гостинката веднаш почнува да се извинува поради тоа што и таа е во бело. И, покрај тоа, бесната водителка продолжува со нападите кон Снук.

Во тие моменти гостинката предлага - самата таа да облече нешто друго.

- Добро, оди ако сакаш. Дај облечи палто. Ти реков пред два и пол часа, тоа и не е најтешката работа, продолжи гневно Амбер.

По рекламите сите три се вратија насмеани во етерот. 

Сепак, твитерџиите не пропуштија да се пошегуваат на нивна сметка, споредувајќи ги со Бет Мидлер, Дајан Китон и Голди Хоун во последната сцена од „Клубот на првите жени“ или пак со војниците од филмската класика „Војна на ѕвездите“.