Македонија
19. October 2017 - 16:18

Што се случува кога на закажан преглед во ,,мој термин‘‘ нема да дојде лекарот?

Пациент оди на закажан преглед кај офталмолог на скопските клиники, но лекарот е на боледување. Се враќа дома без дијагноза и со повторно малтретирање и закажување на Мој Термин. Ова е само еден од примерите што се случува кога специјалистите имаат слободен ден, боледување или се на годишен одмор, а имаат закажани термини во ординациите. Од Управата за електронско здравство велат дека вакви случаи не смее да има. Согласно законот, лекарот мора да го пријави отсуството а болницата каде работи да го извести пациентот телефонски или со смс порака дека имаат можност да ги прегледа заменски лекар. Доколку инсистираат на избраниот, тогаш ќе чекаат да се врати.

-Членот 39 од Законот за здравствена заштита јасно прецизира што и како треба да биде регулирано кога лекарот не е на работа. Ако има оставено уреден телефон од болницата мора да одредат лице кое ќе ги информира пациентите за отсуството на лекарот и ќе им понуди можност за преглед кај друг, или пак, да чекаат кај лекарот што го избрале доколку тоа е во догледно време верли Жаклина Чагоровска од Управата за електронско здравство.

За август, септември и октомври дури 948 лекари пријавиле отсуство. Бидејќи ниту еден пациент не се пожалил во Мој Термин, засега е нејасно колку од нив успеале да бидат прегледани кај заменски лекари а колку се снаоѓале како знаеле и умееле. Проблем за пациентите со закажани термини е и кога лекар користи слободен ден по дежурство а тоа не го пријавува, или, пак, е единствен таков  специјалист во установата.

-Сме имале и случаи кога лекар едноставно ја напушта болницата, или,. Пак, примерот со министерот за здравство кој стана министер..и тогаш се нудат заменски лекари, вели Чагоровска

Доколку пациентот оставил уреден телефонски број на упатот а не го известиле од болницата дека леркарот е отсутен, тогаш, согласно законот има право да бара надомест за патни трошоци.