Македонија
7. February 2018 - 17:17

Што носи стратегијата на Европската Унија за Македонија?

Ладен туш од Европската унија за земјите од Западен Балкан. Вака аналитичарот Петар Арсовски ја оценува Стратегијата за проширување на ЕУ која вчера ја објави Европската комисија. Наместо пофалби, Арсовски вели дека унија овој пат објави документ за возрасни, а не за тинејџери, со конкретни забелешки и насоки за реформи во одредени области. Дури и со решен спор за името, Македонија нема да ги отвори вратите за влез во унијата, без исполнети критериуми.

Рокот за целосна интеграција на земјите од Западен Балкан до 2025 година, според Арсовски е тешко достижен. Дотогаш  потребна е напорна работа и сериозна посветеност на неопходните реформи.

Во однос на Стратегијата за проширување на ЕУ, преку социјалните мрежи реагираше и поранешната пратеничка Солза Грчева.

Од ЕУ ништо ново. Препорака нема да има, а во стратегијата помеѓу 6 точки, најважни се миграциите и проширување на Европската Енергетската Заедница. Зошто ова не ме чуди? пишува Грчева. 

Ставот на владејачката партија пак е спротивен од коментарите на експертите. Според СДСМ Стартегијата за проширување на Европската унија е уште една добра вест за Македонија и потврда за успешните политики на власта во спроведување на реформскиот процес. Македонија повторно се движи по вистинскиот пат, што е од интерес на сите граѓани, стои во соопштението на СДСМ.