Што навистина се случува ако не го исклучиме мобилниот во авион?
На луѓето честопати им се случува да ги игнорираат препораките за исклучување на електронските уреди додека летаат со авион, па затоа пилотот на „Изи Џет“, Крис Фостер открива што се случува ако не го исклучиме мобилниот.
– Контролните системи денес се толку софистицирани, така што и не би се случило баш ништо. Исто така, регулацијата не навраќа на времето кога немавме уреди како на пример – Ајпади. Законите полека се „омекнуваат”, па денес таа електроника можете да ја користите во воздухопловниот режим, а наредниве неколку години се очекуваат и други промени, појасни тој за „Индепендент“.
Фостер откри и дека сега вратите не можат да се отворат во воздух, зашто прво мора да се отпушти притисокот.
– Исто тако, авионите се така конструирани, да може да издржат и молњи и други временски неприлики. Но, за да избегнеме невреме, користиме и радари, па можноста – авионот да го погоди гром, се навистина мали, додаде пилотот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација