-->
-->
Што му се случува на организмот кога не пиете доволно вода?
-->
Американскиот институт за медицина тврди дека за мажите треба да пијат по 13 чаши вода дневно, а жените околу 9 чаши вода, но што ако не го правите тоа?
Што му се случува на организмот кога не пиете доволно вода?
1. Поголема е веројатноста дека ќе имате здравствени проблеми
Ако не пиете доволно вода зголемени ви се шансите за камен во бубрег, рак на цревата или мочниот меур, па и срцев удар.
2.Метаболизмот ви се забавува
Неколку научни истражувања го потврдуваат овој факт, дека метаболизмот значително ви се забавува ако не пиете доволно вода и обратно, се забрзува кога сте хидрирани.
3.Потешко ги завршувате задачите
Едно истражување на Лондонскиот психијатрсики институт од колеџот Кинг открива дека мозокот на дехидрираните тинејџери се намалува, подеднакво добро решаваат задачи како и оние кои пијат нормални количини на вода, но затоа се активира поголем дел од мозокот. Пиењето на вода го враќа мозокот во нормална големина.
4.Ќе ви се јаде повеќе
Едно истражување направено од страна на Институтот за јавно здравје и истражување на водата, открива дека оние кои пијат две чаши од 240ml вода пред секој оброк, консумираат 75 до 90 калории помалку. Во текот на 3 месеци, оние кои се придржуваат до ова правило, губат 2 килограми од својата тежина.
5.Кожата ви изгледа постара
Водата ја хирира кожата и ги пополнува линиите и брчките на лицето.
6.Ќе бидете лошо расположени
Едно истражување направено во Универзитетот во Масачусетс на кое испитаниците имале задача да вежбаат со пиење на вода и без пиење на вода. На крајот од вежбањето, оние кои пиеле вода се чувствувале подобро, а оние кои не пиеле вода биле понервозни, напнати и збунети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација