Штипскиот универзитет објави конкурс за избор на најдобра студентска фотографија
Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип по повод десетгодишнината од своето постоење распиша конкурс за избор на најдобра студентска фотографија.
Главниот уредник на универзитетското радио УГД ФМ, кое е во рамки на Центарот за односи со јавност на УГД-Штип Игор Стојанов на денешната прес-конференција рече дека конкурсот е со тема „Мојот универзитет“, а студентите од прв, втор и трет циклус на студии имаат можност да испратат фотографии.
- Конкурсот трае до 15 март, а резултатите ќе бидат објавени на 18 март. На 23 март во фоајето на Домот на културата „Ацо Шопов“-Штип сите фотографии кои ќе бидат избрани во потесен круг ќе бидат изложени. Ова претставува една одлична можност студентите кои професионално или аматерски се занимаваат со фотографија да се изразат себе си на овој начин, да ја прзентираат својата креативност, истакна Стојанов.
Тој нагласи дека конкурсот е награден, односно првонаградената фотографија ќе добие награда од 10.000, втората од 6.000 и третата награда е 4.000 денари.
Стојанов изрази надеж дека студентите ќе имаат интерес за конкурсот и додаде оти има одредени технички карактеристики кои фотографијата треба да ги задоволува. Сите детали, како што рече, студентите можат да ги најдат на веб-страницата на универзитетот.
Фотографиите кои ќе пристигнат на овој конкурс ќе ги оценува стучна комисија чиј претседател е универзитетскиот професор на Академијата за филм на УГД-Штип, Роберт Јанкуловски.
Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип се подготвува во март да го одбележи својот 10-годишен јубилеј со свечена академија на која ќе бидат промовирани доктори на науки, а ќе се презентира и документарен филм за универзитетот.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово