Македонија
16. July 2017 - 17:28

Штипјани ќе плаќаат паркинг преку СМС

Од утре во Штип почнува наплатата на паркинг местата преку СМС пораки. Екипи на ЈП „Стипион“ ги поставија таблите преку кои на возачите им се појаснува процедурата за испракање на порака со која го наплаќаат паркингот за возилото.

-Не е ништо по различно од другите градови каде што има ваква пракса. Сите информации кои што тие треба да имаат и евентуално да имаат грешка во праќањето на СМС пораката ќе добијат информација, каде што на кој начин ќе можат да го исправат сето ова, изјави Игно Иванов, директор на ЈП „Стипион“

Цената за наплата на паркинг местата во Штип останува иста, односно, за еден час е 20 денари, а секој дополнителен час е по 15 денари. Грепките кои се продаваат во трафики и на други продажни места ќе се искористат додека граѓаните се навикнат на новиот начин на наплата на паркинг местата.

-Оние залихи кои што ги имаме да ги потрошиме, а во наредниот период продолжуваме само со СМС пораки- додаде Иванов

Вработени во претпријатието и понатаму ќе го контролираат паркирањето низ централното градско подрачје, а за оние кои нема да платат ќе се ставаат блокатори на возилата, за чие отстранување дополнително се наплаќа.