Македонија
23. March 2017 - 19:14

Штипјани и вечерва ја поддржаа иницијативата „За заедничка Македонија“

И вечерва штипјани и дадоа поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ излегувајќи на протестен марш низ штипските улици.

На протестите им се приклучија и штипските земјоделци кои излегоа со својата механизација.

Земјоделецот и сточар од Штип Дејан Манасиќ порача да се зачува унитарноста на Македонија и да не се дозволи прифаќање на, како што рече, некоја странска платформа.

- Земјоделци даваат силна поддршка бидејќи на земјава и е потребен развој во земјоделството и сточасрството, рече Манасиќ и потсети на низата мерки и субвенции кои ги добиваат од државата. 

Во моментов граѓаните кои се на протестниот марш со своите пароли минуваат низ централното градско подрачје, по кејот на реката Отиња. Протестниот марш ќе заврши на мини плоштадот кај кружниот тек, кај „Стопанска банка“ каде граѓаните ќе ги искажат своите пораки и поддршка за граѓанската иницијатива