Македонија
26. September 2017 - 13:35

Штипјанец чувал пиштол во „пунтото“, еве што му се случи

Вчера во 13.15 часот во Полициска станица Штип, Л.К. (69) од Штип пријавил дека во периодот од 23.09.2017 до 25.09.2017 година непознат сторител извршил кражба од патничко возило „Фиат Пунто“ со штипски регистарски ознаки. Сторителот од фиоката од возилото одзел пиштол „ЦЗ-Взор 50“ калибар 7,65мм, кој сопственикот го поседувал со дозвола.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.