Штип се наполни со куни
Градот Штип се наполни со куни. Овие, пред се ноќни животни, од периферијата се префрлија во централното градско подрачје. Од ловното здружение велат дека причина за ваквата миграција е потрагата по храна.
Глувците им се основна храна. И да ги однема глувците тие ќе почнат да бараат храна по контејнерите.- изјави Ване Јованов- секретар на ЛЗ „Ловец“-Штип
Куните најповеќе се среќаваат во отпадните води, а ноќе се движат по дворовите и таваните. Граѓаните стравуваат дека освен што прават штети, можат да бидат преносители и на заразни болести.
Овој проблем со куните е познат во општината, се јавува неколку години наназад. Во рамките на своите ингеренции општината ќе преземе мерки и ќе стапи во контакт со институции овој проблем да се минимизира.- изјави Драган Ристов-портпарол на ЛС-Штип
За надминување на проблемот, уште во месец мај беше извршена дератизација и дезинфекција на шахтите во периферијата и централното градско подрачје, но популацијата на куните не се намали.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар