Бизнис
30. August 2016 - 19:50

Штип оствари рекорден приход од продажба на државни парцели

Општина Штип оствари рекорден приход од 50, 2 милиони денари или над 800 000 евра преку продажба на градежни парцели.

Локалната самоуправа понуди на лицитација вкупно 55 парцели за изградба на индивидуални куќи, хотели, бензинска пумпа и стопански објекти за лесна и незагадувачка индустрија.

Продадени се 43 парцели, а најголем интерес имаше за плацеви за изградба на станбен простор, чија цена во зависност од местоположбата се движеше од 90 до 900 денари за метар квадратен.

-Освен локациите за куќи, продадени се и една локација за деловен објект, потоа локацијата за хотел кај бања Кежовица која е продадена за 3,8 милиони денари, една за бензинска пумпа кај с. Криви дол и една за лесна и незагадувачка индустрија кај населбата Балканска- изјави Драган Ристов, портпарол на ЛС-Штип

По уплатата на граѓаните и фирмите, во општинската каса ќе се слеат 80 % од средствата или 640 000 евра, а останатите 20 %, во државниот буџет на Р. Македонија.