Спорт плус
20. October 2015 - 17:42

Штип од утре домаќин на Балканското првенство во пинг-понг

 
Во Штип од утре до 25.октомври ќе се одржува Балканското пинг-понг првенство. На денешната прес-конференција, Кирил Барабареев претседател на пинг-понгарскиот клуб на универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, а воедно и еден од организаторите информира дека Македонија првпат е домаќин на Балканското првенство во пинг-понг.
 
На првенството има 150 учесници, од кои 100 играчи, а остантите се делегати и судии. 
 
- Во моментов машките и женските репрезентации на девет балкански земји се престигнати во Штип, засега само репрезентациите на Грција немаат пристигнато. Почнати се подготовките, а од утре во 9 часот почнуваат и првите натпревари. Голема благодарност до Светската пинг-понгарска федерација која донираше осум маси, рингови и опрема за балканското првенство, а понатаму оваа опрема со одлука на Македонската пинг-понгарска федерација ќе се одлучи за распоредување на оваа опрема низ македонските центри, вели Барбареев.
 
Тој додава дека свеченото отварање на Балканското првенство во пинг-понг е утре во 17 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ во населбата Сењак.