Бизнис
12. January 2018 - 20:07

Штип ќе биде првиот град во источна Македонија кој ќе се гасифицира

Првиот град што ќе се гасифицира во источниот дел од земјата е Штип. Општината е во предност во однос на останатите, затоа што на почетокот од годината стартуваше со интензивни подготовки на потребната документација за гасифицирање на градот.

- Исто така е во предност во однос на другите општини, затоа што на само 3 км. од Штип е главната гасоводна мрежа. Главната мерна регулациона станица е веќе во состојба да мoже да дава гас за Штип-изјави Благојче Котески, директор на МЕР Македонија

Од локалниот буџет за подготoвка на проектната документација се издвоени 6 милиони денари,  а останатите потребни средства ќе бидат обезбедени од Владата и расположливите европски фондови.

- За една година очекувам, доколку тече се како што треба, можат граѓаните на Штип да бидат сведоци на поставување на нова алтернативна инфраструктура во градот- изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип

Согласно планот, првата цевка ќе биде поставена на почетокот од идната година. Со новиот Закон за енергетика, кој ќе се најде пред пратениците најдоцна до крајот на месец март, на општините ќе им се овозможи да формираат јавно претпријатие, јавно приватно партнерство или да ангажираат приватно правно лице кое ќе ја врши дистрибуцијата.