Бизнис
18. July 2017 - 19:49

Штип доби Кока – Кола активна зона

Отворена „Кока кола активна зона“ во Штип, донација од пивара Скопје и компанијата „Coca –cola“, што е шеста по ред во земјава и има за цел промоција на активен живот и здрави животни навики.

Активната зона е сместена во атрактивниот дел на градот, во паркот покрај река Брегалница.

-Упатуваме голем апел до сите граѓани да ја грижат оваа зона како своја, да се грижат за неа, будејќи таа, на крајот на денот, е катче за сите нив-изјави Ламбро Патче,  директор за односи со јавност и комуникации на Пивара - Скопје

Приоритет на локалната самоуправа е да ги „изнесат“ граѓаните од дома, во природа, за што се изградија неколку шетачки и велосипедски патеки.

- Кога ќе прошетате 6 км. ќе дојдете овде малку и да повежбате. Оваа фитнес зона ќе биде добра за рекреирање, но и за добро физичко и ментално здравје-изјави Илчо Захариев, градоначалник на општина Штип

Зоната содржи најсовремена опрема, 5 фитнес справи бесплaтно достапни за граѓаните во секое време од денот и ноќта.