Ракомет
4. February 2018 - 13:27

Штербик објасни зошто не брани за Србија?!

Голманот на Вардар Арпад Штербик се врати во клубот по освоената европска титула со Шпанија и како ретко кога порано проговори за настапите во дресот на Југославија, Србија и Црна Гора и зошто ги жали клубските другари Марсениќ и Абутовиќ кои во Хрватска го носеа дресот на Србија:

„Причината поради која решив да не бранам повеќе за Србија и денеска е присутна. Кога ќе видам што им се случува на Абутовиќ и Марсениќ по враќањето од репрезентативната пауза во клубот, знам дека не згрешив што ја напуштив оваа селекција. По два-три месеца не можеш да се опоравиш од плукање, критики, лошиот систем, тактиката…Тие се наоѓаат во емотивен распад и им треба подолго време да се вратат по критиките кои ги трпат од српската јавност, а за неколку дена треба да одите кај некоја Барселона на гости. Па ве напаѓаат бидејќи во клубот давате повеќе, а не ја гледаат широката слика. Каков е тој систем во тој клуб, што играме подобро? Се уморив од тоа, веќе не бев способен да дадам максимум и најчесно беше да се простам од репрезентацијата. Ракометот во Србија оди во надолна линија, за разлика од регионот. Низ Балканот секојдневно никнуваат таленти, додека во Србија се гасат. Марсениќ во Вардар се врати по пет порази од шест меча на ЕП и се прашува дали е тој виновен што во регионот се игра ракомет, само во Србија не.“ – вели Штербик.