Спорт плус
30. December 2016 - 19:33

Штефан Крафт победник на првата од четирите новогодишни скокалници

 
 
 Австриецот, Штефан Крафт е победник на првиот натпревар од 65-тото издание на новогодишна турнеја „Четири скокалници“. 
 
Крафт со скоковите од 139 метри во првата и 134,5 метри во втората серија заработи највисоки оценки од судиите на натпреварите кои се одржаа на скокалницата во германскиот ски-центар Оберсдорф.
 
Зад Австриецот, на второто место се пласира Камил Штохл од Полска со скоковите од 137 и 135 метри, додека третото место му припадна на Михаел Хајбоек од Австрија кој имаше скокови од 135 и 133 метри. 
 
Најдобрите ски-скокачи веќе утре се селат во Гармиш-Партенкирхен, каде традиционално на првиот ден во новата година ќе се одржат натпреварите на оваа скокалница. 
 
 
Потсетување дека по настапите во Германија, турнејата продолжува во австриските ски-центри Инсбрук ( на 4 јануари) и Бишофсхофен ( на 6 јануари).