Балкан
21. July 2016 - 10:00

Штајнмаер: Турција што поброз да ја укине вонредната состојба

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмаер, ја повика Турција вонредната состојба да ја задржи во сила само толку долго колку што тоа навистина е потребно и оваа мерка да ја укине што е можно побрзо, јави утринава Танјуг.

Штајнмаер ова го соопшти доцна синоќа, како одговор на прогласената вонредна состојба, повикувајќи ја турската Влада да го одржи и владеењето на правото и принципот на сразмерност во својот одговор кон обидот за пуч, што беше изведен во ноќта меѓу петокот и саботата.

- Прогласувањето на вонредната состојба повторно го нагласи фактот дека обидот за пуч има длабоки последици врз турската политика и општество, рече шефот на германската дипломатија.

Тој додаде дека Германија ќе продолжи да ја повикува Турција на воздржаност во својот одговор на пропаднатиот државен удар.

- Само умешноста на докажување во незаконските дела, а не сомнителните политички тенденции, треба да биде чкрапалото за владината акција, рече Штајнмаер, заклучувајќи дека таквиот пристап е во интерес на самата Турција, бидејќи, во спротивно, предупреди тој, оваа земја ќе се распадне и ослаби како на внатрешен, така и на надворешен план.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа по состанокот на Советот за национална безбедност, соопшти дека во земјата се воведува вонредна состојба и дека таа ќе трае три месеца.

Тој наведе дека одлуката е во границите на Уставот и дека нејзина цел е брзо и ефикасно преземање мерки против приврзаниците на имамот Фетулах Ѓулен.

Ердоган, притоа, кажа дека Европејците немаат право да ја критикуваат одлуката на Турција за воведување на вонредната состојба.