Loading Video...
Свет
23. November 2017 - 19:40

Штајнамер ги продолжува консултациите со политичките партии во Германија

Германскиот претседател Штајнамер  ги продолжува средбите со лидерите на политичките партии во Германија, во обид да обезбеди стабилна влада за најголемата економија во Европа. Неговиот обид уследи откако во неделата демохрситијаните на канцеларката   Меркел, слободните демократи и зелените не успеаја да ја формираат новата коалициска влада. Штајнамер во наредните денови ќе одлучи дали ќе и нареди на Меркел да формира малцинска влада или да назначи нов мандатар или да распише нови избори.